Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.
Одличниот Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа овој пат против тимот на Портланд.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Далас го победи Портланд со 111:102, а во овој натпревар Дончиќ помина 32 минути на паркетот уфрли 21 поен и имаше девет скокови и три асистенции.
Во поразениот тим најрасположен беше Демиен Лилард кој постигна 33 поени и запиша по осум асистенци и осум скокови, сепак тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне
поразот.
И покрај ваквиот настап на Лилард Портланд мораше да се помири со 11-тиот пораз во сезоната.
Од останатите натпревар вреди да се спомене и убедливата победа на Јута против Сан Антонио од 139:105, додека во останатите натпревари победи запишаа Орландо, Индијана и Сакраменто.
НБА резултати
Индијана – Чикаго 96:90
Мајами – Орландо 90:105
Далас – Портланд 111:102
Феникс – Сакраменто 105:122
Јута – Сан Антонио 139:105