Дома Македонски спорт Мак фудбал Лидерот Шкупи убедлив, Шкендија сигурна

Лидерот Шкупи убедлив, Шкендија сигурна

По комплетирање на 15-то коло во Прва фудбалска лига на Македонија, Шкупи  ја врати предноста од четири бода на врвот на табелата пред второпласираниот тим на Академија Пандев.

Шкупи убедливо со 4:0 ја победи Струга, а херој на мечот беше Нигериецот Сандеј Адетунџи, кој постигна хет-трик.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Шкендија беше подобра од Македонија во Ѓорче Петров со 2-1 и се искачи на третата позиција со 27 бода што е за осум помалку од Шкупи.

Брегалница со триумфот над Борец во Штип со 2-1 се израмни со Ренова на петтото место.

Работнички го претрпе третиот пораз во серија, овојпат од Тиквеш во Кавадарци со 2-0, а во Битола Пелистер и Скопје ремизираа без голови.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…