Дома Фудбал Англија Лига куп: Јунајтед ќе игра против клубот на своите легенди, Сити доби најтешка задача

Лига куп: Јунајтед ќе игра против клубот на своите легенди, Сити доби најтешка задача

Ждрепката за англискиот Лига Куп сакаше во третото коло Манчестер Јунајтед да игра против нисколигашот Салфорд.

Овој натпревар ќе има специјално значење затоа што сопственици на Салфорд со по 10% од акциите се легендите на „црвените ѓаволи“: Пол Сколс, Ники Бат, Гери Невил, Фил Невил и Дејвид Бекам.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Овој тим во претходното коло направи подвиг со елиминацијата на Лидс, меѓутоа ќе им биде тешко да направат уште едно чудо против еден од најголемите англиски клубови.

Од останатите фаворити Манчестер Сити немаше многу среќа бидејќи ги чека тежок премиерлигашки дуел против Њукасл, Ливерпул ќе се соочи со Лестер, Челзи го чека Брајтон, а Арсенал оди на Брентфорд.

Натпреварите се закажани за 26/27 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…