Дома Фудбал Англија Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул ќе биде без дефанзивецот Жоел Матип во наредните шест недели, соопштија англиските медиуми.

Матип има проблем со коленото, што се покажа поголем од очекуваното. Тој во последните пет меча играше само во дербито со Манчестер Јунајтед, но сега повторно ќе мора да се рехабилитира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Матип дури беше дел и од последниот тренинг на „црвените“, но после тоа почуствувал болка во коленото, па последните инфомации се дека ќе отсуствува цели шест недели.

Тоа значи дека дефанзивецот ќе пропушти цели 10 меча, вклучително и дербито со Манчестер Сити, како и сите останати дуели од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа бесен, тврди дека Реал е оштетен за чист пенал: ВАР се користи само кога на друг му одговара! (Видео)

Реал Мадрид повторно не успеа да победи, и по третпат последователно не оствари триумф, а …