Дома Трансфер зона Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со него може да замине и фудбалерот кој пристигна во 2016 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Жоел Матип е повреден и нема да се врати на терените, па така нема да има можност да се избори за нов договор.

На 32-годишниот дефанзивец не му оди во полза ниту заминувањето на Клоп бидејќи Германецот имаше желба за продолжување на соработката, но тоа повеќе не е пресуден фактор.

Матип во дресот на Ливерпул одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 11 голови и запиша шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…