Пари Сент Жермен со сите сили се труди да го задржи Килијан Мбапе уште две години на „Паркот на принцовите“, но се поизвесно е дека ќе се пресели во Реал Мадрид.
Сепак, еминентниот „Екип“ тврди дека Ливерпул е спремен да се приклучи во трката за потписот на Мбапе.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Црвените“ сакаат да му парираат на Сити за трансферот на Халанд и да го донесат Французинот на „Енфилд“.
Ливерпул е подготвен ова лето да ги продаде Садио Мане во Баерн Минхен и Мохамед Салах во ПСЖ за да обезбеди пари за трансферот на Килијан Мбапе, тврди „Екип“.
Ова во моментов делува малку реално бидејќи Мбапе преферира преселба во Мадрид, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Реал.
Во секој случај англиските медиуми се сигурни дека раководството на Ливерпул му ветило на Клоп дека ќе донесе една голема ѕвезда ова лето.