Дома Трансфер зона Ливерпул со Американец ги решава проблемите во одбраната?

Ливерпул со Американец ги решава проблемите во одбраната?

Според информациите на „ЕСПН“ Ливерпул има намера да го доведе дефназивецот на Њујорк Ред Бул, Арон Лонг.

Ливерпул е во незавидна позиција затоа што ниту еден од стандардните централни дефанзивци нема да бидат на располагање подолг период. На рехабилитација веќе подолго време се Ван Дајк и Гомез, а против Тотенхем повредата ја обнови Матип. Исто така пред дуелот со тимот на Мурињо на повреда се пожали Бразилецот Фабињо кој поради ситуацијата играше во одбраната.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Против Тотенхем повторно стопер мораше да игра капитенот Џордан Хендерсон.

Арон Лонг има 28 години и е репрезентативец на САД, Ливерпул не е единствениот клуб кој покажува интерес за него. Како што се наведува Клоп е заинтересиран за позајмица до крајот на сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…