Фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец, Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата.
Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.
Последните информации од Островот се дека Осимен се договорил со Ливерпул, покрај интересот на Челзи и Арсенал.
И покрај најавите за договор помеѓу Осимен и Ливерпул, Челзи не се откажува од трката за 24-годишниот голгетер.
Наполи за неговата слобода ќе бара 120 милиони евра, па останува да видиме кој клуб е спремен да ја плати таа сума.
🚨 Chelsea are continuing to keep a watching brief on Victor Osimhen's ongoing status at Napoli, despite rumours of a move to Liverpool being agreed for the 24-year-old.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 23, 2023
(Source: TEAMtalk) pic.twitter.com/j8xqbv5HdS