Aко им веруваме на германските медиуми Ливерпул започнал преговори со Каи Хаверц.
Играчот за врска на Баер е еден од најбараните играчи во овој момент, а покрај Ливерпул тој се поврзуваше уште со Манчестер Сити, Баерн, Реал Мадрид и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ тврди дека Хаверц и неговите агенти оствариле конкретни преговори со Ливерпул, па „црвените“ се спремни да го соборат клупскиот трансфер рекорд за да го донесат Германецот на „Енфилд“.
Баер за неговите услуги бара сума од 110 милиони евра. Хаверц се смета за еден од најталентираните играчи во Германија и веќе стана важен дел од репрезентацијата.
Неговиот договор има важност до 2022 година, но се претпоставува дека клубот ќе го пушти доколку добие богата понуда.
Наводно Ливерпул е спремен да понуди 80 милиони фунти и така да го совери клупскиот рекорд. Најскапо засилување во историјата на „црвените“ е Вирџил ван Дајк кој беше платен 75 милиони фунти.