Дома Фудбал Англија Ливерпул не сакал да го доведе Мурињо: Неговото однесување не е за Енфилд!

Ливерпул не сакал да го доведе Мурињо: Неговото однесување не е за Енфилд!

Жозе Мурињо ја воодушеви Европа кога во 2004 година со Порто ја освои Лигата на шампиони и беше на радарот на многу европски гиганти.

Тогаш клупата на Ливерпул беше празна поради заминувањето на Жерар Улие, а Мурињо беше еден од кандидатите за негов наследник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, гигантот од Енфилд се одличи за Рафа Бенитез, а Мурињо седна на клупата на Челзи.

Поранешниот капитен на Ливерпул, Карагер откри зошто Мурињо не дошол во Ливерпул.

„Мурињо имаше предност, но стилот и однесувањето на Бентиз беа одлучувачки. Директорот Рик Пери го интервјуираше Бенитез, но го спомнуваше и Мурињо. Чувството беше дека Жозе не може да биде менаџер на Ливерпул поради однесувањето“, објаснува Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Искусниот голгетер Ромелу Лукаку, кој поради недоволната физичка подготвеност, нема да бид…