Дома Фудбал Англија Ливерпул незадржлив, Енфилд ја сонува титулата (видео)

Ливерпул незадржлив, Енфилд ја сонува титулата (видео)

Тимот на Ливерпул запиша многу важна победа во битката за титулата во Премиер лигата, откако на „Енфилд“ го победи Челзи со 2:0.

„Црвените“ од самиот старт покажаа дека ќе играат на победа која им е неопходна за да ги задржат шансите за титулата, меѓутоа во првиот дел видовме рамноправна битка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шанси имаше на двете страни, Челзи главно се обидуваше преку контанапади, но мрежите мируваа до одморот.

Во второто полувреме видовме многу возбудувања. Најпрво Мане во 51-та минута го отвори резултатот за еуфорија на „Енфилд“.

Само две минути подоцна го видовме голот на сезоната во Премиер лигата. Салах се проби левата страна и од дваесетина метри испрати проектил и го матираше Кепа.

Веднаш после тоа Челзи имаше две зрели шанси, но не успеа да го совлада Алисон. Ливерпул се одбрани и ја сочува предноста до крајот за големи три бода.

Со оваа победа Ливерпул се врати на лидерската позиција на табелата во Премиер со 85 бода, два повеќе од Сити, кој има еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…