Дома Фудбал Англија Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул му понуди богат договор на Вајналдум

Ливерпул сака да го задржи Жоржињо Вајналдум и му предложил нов, побогат договор.

Актуелниот договор на 30-годишниот Холанѓанец истекува на крајот на сезоната, а тоа значи дека во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Вајналдум интерес уште во летото покажуваше Барселона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер.

Според „Мирор“ Вајналдум побарал од Ливерпул 4-годишен договор, но „црвените“ му нудат договор на 3 години. Меѓутоа, клубот му нуди значително зголемување на платата, од актуелните 75.000 фунти неделно на 105.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…