Англинскиот гигант Ливерпул го очекува бурна завршница во финишот од преодниот рок.
Статусот на Кутињо сеуште не е разјаснет, Барселона се обидува да го доведе со сите сили, додека Клоп и Ливерпул се упорни во желбата да го задржат Бразилецот, но Клоп работи и на доведување уште три засилувања кој би морале да бидат реализирани утре до полноќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Ван Дајк кој е единствената опција за одбраната, Томас Лемар и Окслејд-Чмберлејн од кои би пристигнал само еден, Ливерпул би можел да добие и засилување од Бундеслигата.
„Ливерпул.ехо“ пренесува дека фудбалерот ја Хофенхајм, Карим Демирбај е голема желба на Јирген Клоп.
Клоп и Демирбај имаа разговор после натпреварот помеѓу Ливерпул и Хофенхајм во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Демирбај има 24 години и игра на позицијата централен играч за врска.
„Демирбај импресионираше во двомечот против Ливерпул, а после натпреварот зборуваше со Клоп. Можеби тоа поради тоа што беше во младинските категории на Дортмунд во времето кога Клоп беше тренер, но можеби и затоа тој е една од опциите за ново засилување на Ливерпул“, изјави експертот за трансфер пазарот, Ли Прајс.
Кога во прашање се Лемар и Ван Дајк, преговорите се во тек, Монако не попушта, но веројатно тоа го прави да извлече што поголема сума од „црвените“ бидејќи во клубот веќе пристигнаа Стеван Јоветиќ и Кеита Балде.
Ливерпул повторно ќе го понуди Дивок Ориги на едногодишна позајмица и сума од 70 милиони евра, а се очекува Монако оваа понуда да ја прифати.
Планот „Б“ e Чемберлејн од Арсенал кој наводно одбил да премине во Челзи бидејќи негова желба е да игра за тимот на Ливерпул.