Фудбалскиот клуб Ливерпул е казнет со 100.000 фунти парично и двегодишна забрана за потпишување на договори со млади фудбалери од други клубови, откако призна дека ги прекршил правилата.
Ливерпул, во септември, минатата година се обидел да го донесе на „Енфилд“, 12-годишно момче од академијата на Стоук. „Црвените“ договориле компензација, но Одборот на Премиерлигат го одбил барањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истрагата потоа утврди дека Ливерпул имал разговори со момечето и неговите родители, што е забрането според правилата на Премиерлигата. Од клубот, исто така, понудиле да го плаќаат школувањето на 12-годишното момче, што исто така не е дозволено.
Правилата на Премиерлигата строго забрануваат тинејџери да бидат поттикнувани да минуваат од клуб во клуб.
Според казната Ливерпул, во период од една година, нема да може да донесе ниту еден играч кој е регистриран во некоја академија од Премиерлигата или од системот EFL (втор, трет и четврти ранг на натпреварување). Втората година од суспензијата за клубот ќе биде условна,и ќе се однесува на период од три години.
Ливерпул нема да се жали на оваа одлука, бидејќи веднаш ја призна дека правилата биле прекршени.