Англискиот гигант Ливерпул веќе се збогува со Јирген Клоп, а медиумите тврдат дека денес ставиле потпис со новиот тренер.
Имено, Арне Слот официјално го потпиша својот договор со „црвените“. Според медиумите на Островот, сите документи се веќе готови и парафирани и многу наскоро веста ќе биде официјално објавена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
45-годишниот стратег преку Камбур и АЗ Алкмар стигна до Феенорд во 2021 година и минатата сезона ја освои титулата во Холандија.
Ливерпул уште минатиот месец постигна договор со Слот, кој наскоро официјално ќе биде претставен на „Енфилд“.