Доведувањето на Луис Суарез од Ајакс беше еден од најдоврите трансфери на Ливерпул во последните неколку години, па навивачите и понатаму жалат шти Уругваецот си замина од „Енфилд“.
Сепак, поучени од искуството со Суарез, челниците на Ливерпул го доведоа најталентираниот уругвајски фудбалер Агустин Дивала, кој во својата татковина го нарекуваат „новиот Суарез“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Станува збор за 17-годишен фудбалер на Пењарол кој има постигнато, верувале или не, преку 100 гола во изминатите три сезони, па така го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сепак, Ливерпул реагираше најбрзо и постигна договор со фудбалерот кој во следните месеци кога ќе наполни 18 години ќе им се приклучи на „црвените“.