Дома Фудбал Останато ЛЕ: Јунајтед со пресврт ја елиминираше Барселона!

ЛЕ: Јунајтед со пресврт ја елиминираше Барселона!

Манчестер Јунајтед вечерва со пресврт славеше против Барселона и се пласираше во осминафиналето од Лигата на Европа, откако натпреварот во Каталонија заврши со 2:2, вечерва на „Олд Трафорд“, тимот на Ерик Тен Хаг славеше победа со 2:1.

Добро започнаа работите за Барселона кога Роберт Левандовски постигна гол во 18-тата минута од пенал. Јунајтед имаше негатива се до почетокот на второто полувреме кога Фред изедначи.

 

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бразилецот, Ентони кој влезе во второто полувреме во 73-тата минута го постигна својот прв гол за Јунајтед во европските натпреварувања и ги постави конечните 2:1. Мора да се истакне и интервенцијата на Рафаел Варан кога ја спаси топката на празниот гол на „црвените ѓаволи“.

Во останатите натпревари, Ајакс доживеа елиминација од Унион Берлин кој загуби вечерва со 3:1 откако пред една недела беше 0:0, Рома на домашен терен го совлада Салзбург со 2:0 и продолжи во следната фаза, додека на натпреварот, Рен и Шахтјор има продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Реал

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…