Дома Фудбал Останато ЛЕ: Фенербахче и Елмас декласирани во Хрватска, Арсенал убедлив, Игуаин донесе победа за Милан (видео)

ЛЕ: Фенербахче и Елмас декласирани во Хрватска, Арсенал убедлив, Игуаин донесе победа за Милан (видео)

Во терминот од 21:00 часот вечерва во Лигата на Европа се одиграа 12 натпревари.

Во овој термин најмногу внимание веројатно привлекуваше натпреварот помеѓу Динамо Загреб и Фенербахче каде што настапува нашиот Елиф Елмас. Македонскиот фудбалски талент беше дел одстартниот тим на турскиот гигант, но на крајот сепак немаше причини за задоволство, Динамо убедливо го победи Фенербахче со 4:1.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Хрватите беа подобриот тим на теренот во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до трите бода. Сунјиќ го отвори резултатот во 16-тата минута, десетина минути подоцна Хајровиќ зголеми на 2:0.

На стартот на вториот дел Неустадтер постигна гол за надеж за турскиот тим. Сепак, Хајровиќ со својот гол во 57-та минута ја вради предност од два гола за Динамо. Конечните 4:1 ги постави талентираниот Дани Олм три минути подоцна.

Тимот на Милан вечерва гостуваше во Луксембург кај Дуделаж и се освен победа на „росонерите“ во овој натпревар ќе беше сензација.

На крајот „росонерите“ стигнаа до минимална победа од 0:1, а единствениот гол беше дело на Гонзало Игуаин псоле еден час игра.

Најмногу возбудвувања вечерва понуди натпреварот помеѓу Лудогорец и Леверкузен. На оваа средба бугарскиот тим имаше предност од два погодоци, но Германците успеаа да направат целосен пресврт и да слават победа со резултат 2:3.

Арсенал на свој терен запиша убедлива победа против тимот на Ворскла од 4:2.

Лига Европа резулати:

АЕК – Цирих 0:1

Селтик – Розенборг 1:0

Арсенал – Ворскла 4:1

Динамо Загреб – Фенербахче 4:1

Дуделаж – Милан 0:1

Копенхаген – Зенит 1:1

Лудогорец – Леверкузен 2:3

Олимпијакос – Бетис 0:0

Лајпциг – Салзбург 2:2

Славиа Прага – Бордо 1:0

Спортинг – Карабах 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Признание за Ламин Jамал: Младиот фудбалер е избран за најдобар играч во септември

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ​​е избран за најдобар играч на шпанската Ла Лига за м…