Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси режираа шокантен пресврт, Дончиќ одново одличен, Далас победи (ВИДЕО)

Лејкерси режираа шокантен пресврт, Дончиќ одново одличен, Далас победи (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Лос Анџелес Лејкерси се реваншираа на Сакраменто за драматичниот пораз со тројката на Богдан Богдановиќ, овој пат беа подобри со 121:112.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Калдвел Поп постави личен рекорд со 26 поени, Харт додаде 22, па тие беа лидерите на Лејкерси во отсуство на Леброн Џејмс кој се уште е повреден.

Кингсите имаа предност од 110:103 во завршницата, но дозволија шокатен пресврт на четири ипол минути пред крајот.

Фокс ги предводеше Кингси со 26 поени, Хилд и Богдановиќ уфрлија по 21 со тоа што Србинот додаде четири асистенции и пет скокови.

https://youtu.be/hpnhmExwNDY

Во второто дерби на вечерта Далас беше подобар од Оклахома (105:103) со 25 поени на Лука Дончиќ, а херој беше Денис Смит кој постигна клучни поени за победа од два разлика.

Пол Џорџ ги постигна последните 13 поени за Оклахома и натпреварот го заврши со 36, но последниот обид му беше неуспешен. Расел Вестбрук можеше да биде херој со звукот на сирената, а доживеа вистинска кошгетерска катастрофа со 4/22 од игра. Имаше само девет поени, девет скокови и осум асистенции.

Иначе овие две екипи се сретнуваат одново веќе наредната ноќ од 02:00 часот по средноевропско време.

НБА резултати:

Мајами – Минесота 104:113

Торонто – Чикаго 95:89

Далас – Оклахома 105:103

Портланд – Филаделфија 129:95

Лејкерси – Кингси 121:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок на Копа Америка: Судија колабираше на терен! 🎥

Сцената од натпреварот помеѓу Перу и Канада донесе шокантна сцена во која судија колабираш…