Дома Актуелно Лејкерси и после трет натпревар без победа, Лилард блесна со 41 поен

Лејкерси и после трет натпревар без победа, Лилард блесна со 41 поен

Лејкерси и после три натпревари во новата сезона не знаат за победа, откако изминатата вечер беа поразени од Портланд со 106:104.

Беше Лејкерси на добар пат да дојде до првото славје, во последните седум минути влегоа со седум поени предност, но гостите тогаш имаа фантастичен кам-бек и со пресврт стигнаа до триумф за „три од три“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лилард блескаше со 41 поен, поддршка му беше Грент кој постигна 16, вклучувајќи го и последниот кош за победа. Тандемот Леброн – Дејвис на спротивната страна искомбинира 54 поени.

Вориорси славеа победа со Сакраменто од 130:125. Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме во кое постигнаа 89 поени, па така иако во второто нешто подзастанаа сепак и така стигнаа до победата. Најефикасен беше Кари со 33 поени, додека на другата страна најрасположен беше Фокс со 26 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Лејкерс – Блејзерс 104:106. Хокс – Хорнетс 109:126. Кавалирс – Визардс 117:107 прод.. Пеликанс – Џез 121:122 прод, Тандер – Тимбервулвс 106:116, Вориорс – Кингс 130:125, Клиперс – Санс 95:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…