Ријад Марез веројатно ќе ја напушти екипата на Лестер во летниот преоден рок, а раководството на тимот веќе најде негова замена.
Нов член на Лисиците веројатно ќе стане норвешкиот фудбалер Мохамед Елиунуси, моментално член на Базел, каде бележи фантастични игри.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Елиунуси воодушеви и во настапите во ЛШ. Постојат многу екипи кои се спремни да го донесат, но за сега тој е најблиску до Лестер.
Таму ќе го замени Марез. Алжирецот одлучи да замине по крајот на сезоната. Се претпоставува дека негов нов тим ќе биде Рома.
Мохамед Елиунуси е член на Базел од 2016. година. Пристигна од Молде, а за швајцарскиот великан одигра 64 натпревари и постигна 16 погодоци.
За репрезентацијата на Норвешка овој фудбалер настапил 14 пати и четири пати ја погодил противничката мрежа.