Дома Топ вести Лео Меси ќе ја прекине тишината

Лео Меси ќе ја прекине тишината

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе ја прекине петмесечната тишина и ќе се огласи преку медиумите.

Меси нема дадено интервју од 28-ми декември минатата година, ниту беше присутен на конференциите за новинари, како ни давање изјави после натпреварите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Договорот на Меси истекува на 30-ти јуни оваа година, а својата иднина најверојатно ќе ја открие во интервјуто за аргентински „Оле“.

Интервјуто со Меси ќе биде објавено во сабота, најави познатиот медиум од Буенос Аирес.

Иднината на Меси долго време е главна тема во медиумите, уште минатото лето кога официјално побара да ја напушти Барселона.

Во меѓувреме каталонскиот клуб доби нов претседател, Лапорта, кој ќе се обиде да го задржи, но Аргентинецот на маса има понуди и од ПСЖ и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал сака асот на Челси, но нема да плати повеќе од 100 милиони евра

Енцо Фернандез, играч за врска на Челси и најскапиот играч во историјата на клубот, официј…