Директорот на ПСЖ, Леонардо, изјави дека нема да има големи трансфери, барем кога станува збор за екипата во која тој работи.
Имено, загубите од пандемијата коронавирус се големи, па клубовите нема да можат да си дозволат големи трансфери ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа што се случи, се случи. Секако ќе има големо влијание на купувањето и продажбата на играчи. Луѓето велат дека сме загубиле околу 200. милиони евра. Тоа е точно.“ – изјави Леонардо и додаде:
„Нема да правиме големи трансфери ова лето. Тоа никој не може да си го дозволи, па ниту ние. Не е време за такви работи. Ќе почекаме една година, а потоа се надеваме дека можеме да направиме некој голем трансфер.“
Леонардо исто така потврди за заминувањето на Тиаго Силва, Кавани и Курзава, кои на крајот од сезоната ќе бидат слободни играчи.