Дома Трансфер зона Леонардо замина во Лондон по Фабрегас!

Леонардо замина во Лондон по Фабрегас!

Италијанските и англиските медиуми едногласно тврдат дека Цеск Фабрегас е пред трансфер во Милан.
Договорот на Фабрегас со Челзи истекува на крајот на сезоната, а јасно е дека двете страни немаат намера да ја продолжат соработката.

Шпанецот е слободен да преговара со други клубови, а медиумите тврдат дека постигнал комплетен договор со италијанскиот гигант Милан. Наводно двете страни се договориле за договор до 2021 година тежок 3,5 милиони евра по сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Милан, Леонардо во моментов е во Лондон да ги договори последните детали околу трансферот. „Росонерите“ се спремни да му платат симболична сума на Челзи за да го добијат фудбалерот уште во јануари.

Фабрегас би требало во тимот да го замени повредениот Бонавентура, па сигурно би бил големо засилување за „росонерите“.

https://youtu.be/-iqiwTjdxiw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…