Старо-новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо веќе почна да работи на новите засилувања, а првото име е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Леонардо не крие дека е голем симпатизер на квалитетите на Србинот, минатото лето сакаше да го донесе во Милан, па сега конечно ќе има буџет да го донесе во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Србинот сериозен интерес покажува и Јувентус, но ПСЖ е спремен да ја победи конкуренцијата со богата понуда.
Наводно Леонардо е спремен да понуди 100 милиони евра во кеш за неговиот потпис, а веќе постогнал договор со неговиот агент за 5-годишна соработка.
Сергеј Милинковиќ–Савиќ на 31 натпревар во Серија А минатата сезона, постигна пшет гола и запиша 3 асистенции.
Второто име на списокот на Леонардо е младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарма. Поради финансиската нестабилност Милан е подготвен да го продаде својот голман за околу 60 милиони евра, за кого е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но добриот однос на Бразилецот со „росонерите“ им дава поголеми шанси на „светците“.