Новиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез немаше добро деби на „Енфилд“ бидејќи заработи црвен картон против Кристал Палас (1-1).
Нуњез одговори агресивно на провокациите на Андерсен и го удри со глава в лице, по што доби директен црвен картон и тоа му направи проблем на тренерот Јирген Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул по воведните две кола сè уште не знае за победа, а дефанзивецот Вирџил Ван Дајк му испрати порака на Нуњез.
„Во иднина ќе мора повеќе да се контролира. Вакви грешки не смеат да се повторат. Треба да знае дека вакви работи и провокации се случуваат често. Сега ќе добие поддршка од нас, но во иднина мора да реагира мирно“, кажа Ван Дајк.