Возачот на Ферари, Чарлс Леклер ја освои пол позицијата за трката на Големата награда на Австрија.
За младиот Леклер ова е втора пол позиција во кариерата. Со оваа пол позиција Ферари дојде до прилика да биде конкурентен со Мерцедес кој е доминантен оваа сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хамилтон успеа да дојде до втората позиција и со Леклер ќе го пополни првиот ред. Верстапен за кого ова беше трка на домашен терен оствари трето најдобро време. Ботас се пласираше на четвртата позиција.
Пред утрешната трка Хамилтон има 36 бода повеќе од Ботас, Фетел заостанува 86, а Леклер е на петтата позиција со заостанување од 100 бода зад Британецот.
QUALIFYING CLASSIFICATION: A second career pole for @Charles_Leclerc ?#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/NipWbpHnzp
— Formula 1 (@F1) June 29, 2019