Дома Останати Кошарка НБА Легенди, ќе недостасувате: Вејд и Новицки во солзи се простија од играњето кошарка (ВИДЕО)

Легенди, ќе недостасувате: Вејд и Новицки во солзи се простија од играњето кошарка (ВИДЕО)

Вчерашните последните натпревари од регуларниот дел во сезоната во НБА лигата освен што ги одредија плејоф двојките, го означија крајот на кариерата на две супер легенди во овој спорт.

Двејн Вејд и Дирк Новицки ги одиграа последните натпревари во кариерата. Новицки се пензионираше во дресот на Далас Маверикс, додека Вејд од кошарката се прости како играч на Мајами.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Натпреварите ги одиграа на гостински терен, а екипите во кои оставија траен белег запишаа порази.

Мајами беше поразен од Бруклин со 94:114, додека Далас изгуби од Сан Антонио Спарс со 94:105. Двејн Вејд кариерата ја заврши со трипл-дабл учинок од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Новицки исто така одигра добар натпревар со дабл-дабл ефект од 20 поени и 10 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…