Дома Фудбал Легендата од „Местаља“: Валенсија се врати таму кадешто припаѓа

Легендата од „Местаља“: Валенсија се врати таму кадешто припаѓа

Искусниот напаѓач Давид Виља, од 2005. до 2010. година беше голема ѕвезда на Валенсија, клубот кој долго по неговото заминување беше во криза.

Популарните „Лилјаци“ оваа сезона играат фантастично и моментално се на второто место во Ла Лига со 30 бодови, четири помалку од Барселона. Валенсија има осум победи во низа, а поради тоа особено среќен е Давид Виља.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Бидејќи сум навивач на Валенсија, исклучително ми е драго што ситуацијата е таква каква што е. Валенсија е голем клуб кој секогаш треба да биде на врвот на шпанскиот фудбал, а мислам дека навивачите тоа го заслужија. Валенсија се врати таму кадешто припаѓа, а посебно ми е драго за тренерот Марселино кој има големи заслуги за тоа“, истакна легендата на клубот од „Местаља“.

Виља за екипата на Валенсија одигра 219 натпревари и постигна 127 погодоци, а моментално е член на Њу Јорк Сити. Искусниот 35-годишен фудбалер, неодамна доби повторно повик од шпанската репрезентација, што многумина го сметаат за големо изненадување.

Валенсија во следното коло во Ла Лига ќе има најтешката задача во сезоната, но и вистински испит. На „Местаља“ ќе гостува Барселона, а се укажува на еден голем спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клуб без вој град стана сензација во ЛШ: Зад успехот стои еден човек!

Во првите две кола од Лигата на шампионите само шест тима успеаја да соберат максимални ше…