Дома Фудбал Италија Легендата на Јувентус: Короната е обичен грип, фудбалот мора да се игра и тоа со публика!

Легендата на Јувентус: Короната е обичен грип, фудбалот мора да се игра и тоа со публика!

Легендарниот голман на Јувентус, Стефано Танкони го даде своето мислење за коронавирусот.

Танкони е од оние кои сметаат дека коронавирусот не е толку опасен како што се прикажува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За мене коронавирусот е само обичен грип“, изјави 62 годишникот за „Радио Спортива“ и додаде:

„Кога на некоја конференција ќе слушнеме дека имало илјадници смртни случаи треба да се запрашеме колку навистина биле од корона. Не може сите да се ставаат во исти кош. Фудбалот мора да продолжи и тоа пред публика“, изјави Танкони.

Според официјалните податоци во Италија од коронавирусот починале 30.911 луѓе, а заболени има 221.216.

Во оваа прилика тој беше запрашан и за критиките на Киелини на сметка на Фелипе Мело и Марио Балотели. За него Киелини ја кажал само вистината.

„Џорџо ја кажа само вистината и јас би ви го потврдил истото“, порача Танкони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд објави фотографија со легендата на Манчестер јунајтед и напиша само еден збор (Фото)

Веројатно најдоброто напаѓачко оружје на денешницата и играч на Манчестер Сити го сретна с…