Се играше во 25. минута од натпреварот на „Етихад“ меѓу Манчестер Сити и Црвена Звезда кога Фил Фоден направи фантастичен центаршут од левата страна, а Ерлинг Халанд остана сам и од пет метри со глава ја погоди гредата.
Легендата на Премиер лигата и поранешен англиски шампион со Блекбурн Крис Сатон не можеше да поверува што пропушти Норвежанецот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Тој мораше да биде безмилосен во оваа ситуација. Мораше да постигне гол. Беше на само пет метри од голот, само голот беше пред него.
Требаше само да ја држи главата надолу“, рече Сатон, коментирајќи ја нешто полошата игра на Халанд во последно време.
„Не можам да се сетам дека Халанд пропуштил толку многу шанси за толку кратко време откако пристигна во Сити. Обично во вакви ситуации постигнува гол.“