Легендарниот Карека, Бразилецот кој во 80-тите доминираше со Диего Марадона во Наполи остро го критикуваше Мауро Икарди, поранешниот капитен на Интер.
Аргентинецот бара излез од клубот, а Италијаните пишуваат дека Наполи му дал ултиматум да одлучи дали сака кај нив и отворено да им каже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквиот однос на Икарди го налути Карека.
„И понатаму го чекаме неговиот договор!? Ако не сака да дојде нека оди по ѓаволите. Доколку јас бев газда немаше да потрошам ниту секунда на него“, порача Карека.
Карека постигна 96 голови на 221 натпревар за Наполи од 1987 до 1993 година и им ги донесе Скудетото и Купот на УЕФА.
„Милик може да постигне 30 голови. Наполи веќе има добра деветка. Има добро позиционирање и одлична завршница. Има се што е потребно за еден напаѓач“, го пофали Карека полскиот напаѓач.
Кога е Икарди во прашање тој наводно ја чека понудата од Јувентус кој пак има проблем со продажбите и не може да тргне по неговиот потпис.