Дома Фудбал Останато Легендата на Манчестер Јунајтед изненади со изборот за тројца најдобри напаѓачи на денешницата

Легендата на Манчестер Јунајтед изненади со изборот за тројца најдобри напаѓачи на денешницата

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол во разговор за американскиот „ЕСПН“ ги избра најдобрите три напаѓачи на денешницата и изненади со изборот.

Екс-англискиот репрезентативец доби прашање: Кои се најдобрите напаѓачи на денешницата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За очекување беше помеѓу избраните да се најде барем од тројката Мбапе, Халанд и Кејн, но Кол се одлучи за тројца ветерани.

„Роберт Левандовски, Карим Бензема и веројатно Кристијано Роналдо. Тренерите се менуваат, а со тоа и стиловите на игра, но тие ја унапредија играта на едно повисоко ниво“, изјави Кол.

Кон средината на 90-тите Кол играше за Јунајтед во тандем со Двајт Јорк, а на 275 натпревари за „црвените ѓаволи“ постигна 121 гол и освои пет титули во Премиер лигата, два во ФА Купот и една во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…