Манчестер Јунајтед не може да се опорави по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а за ситуацијата во клубот сега во јавноста зборуваше легендарниот напаѓач на овој клуб, Вејн Руни.
Екс-голгетерот на гигантот од „Олд Трафорд“ смета дека единствен од сегашните фудбалери кои треба да остане е Бруно Фернандеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Морате да изградите тим околу Бруно. Станува збор за квалитетен играч, подготвен за борба. Од останатите играчи би можеле и да ослободите, треба да се прави тим со млади играчи околу Бруно. Мора да има „чистка“. Не може се да се заврши за година или две, ќе треба време. Не сакам да бидам разбран погрешно. Сегашните играчи не се толку лоши, но погледнете ги составите на Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал, екипи против кои треба да се борите“, изјави Руни.
На прашањето дали мисли дека и Маркус Рашфорд треба да замине, Руни даде интересен одговор.
„Сите знаеме дека Маркус е способен да игра на највисоко ниво, но тоа не сме го виделе. Само се прашувам дали е време Маркус да оди и да игра на друго место. Тоа треба да се запраша. Мора да ја држи главата надолу и да тренира напорно за да го оствари својот потенцијал кој без дилеми го има“, одговори Руни.
На прашањето колку време ќе им треба на „црвените ѓаволи“ да закрепнат, Руни даде одговор кој нема да им се допадне на навивачите.
„Видете на газдите на Манчестер Сити потребен им беше период од 15 години да ја освојат Лигата на шампионите и тоа е потенцијално времето кое е потребно. Сепак, се надевам и јас дека нема да биде толку долго“, заврши Руни.