Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул откри шокантни детали и го расплака Островот!

Легендата на Ливерпул откри шокантни детали и го расплака Островот!

Еден од најтрофејните фудбалери на Ливерпул и икона на „црвените“ за „Би-Би-Си“ откри шокантни детали од младоста.

Брус Глобелар го бранеше голот на Ливерпул цели 13 години (1981-1994) и за тоа време освои 6 титули шампион на Англија, една титула шампион на Еропа, 3 ФА Купови и исто толку Лига купови.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Глобелар како голман на „црвените“ беше сведок и на катастрофите на Хејсел и Хилсборо. Меѓутоа, сега откри дека активно сведочел во брутална војна, па и самиот морал да убива.

Драмата на голманот роден во Јужна Африка почнала во 1978 година кога имал 21 година. Тогаш во Родезија, мегународно непризната афричка држава бил регрутиран за воен рок. Наместо да помине во униформа 11 месеци, ја носел две години до крајот на војната во која црните герилци се бореле за превласт над белците.

„Бев извидник кој одеше длабоко во непријатеслка територија. Во текот на војната видов тројца пријатели како умираат, а и самиот бев приморан да убивам. Тие страшни спомени сега се помалку ме прогонуваат, но и денес се случува да се разбудам среде ноќ од кошмар“, открива Глобелар.

Признава дека фудбалот му го „спасил“ животот и му помогнал до крај да не потоне во депресија откако војната и смртта му ја одбележале младоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Германската легенда со совет до Барса – препорача засилување од 28 милиони евра: Тој е фудбалер кој може да направи разлика!

Во последниот летен трансфер период, една од областите која се очекуваше дека Барселона ќе…