Легендата на Ливерпул како и неколку пати претходно оваа сезона ја критикуваше играта на „црвените“, веројатно и со право.
„За среќа на телевизија сум, па не смеам да пцујам, иако тоа со задоволство би го правел кога ќе ги видам како играат“, така легендата на Ливерпул, Џејми Карагер го започна коментарот на натпреварот на неговиот поранешен тим кој испушти предност од 0:3 во натпреварот против Севиља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул после само половина час имаше огромно водство од 3:0. Изгледаше дека „црвените“ лесно ќе го обезбедат првото место во групата, но потоа на сцена стапи ужасната одбрана на Ливерпул, па Севиља во вториот дел постигна три погодоци за на крајот натпреварот да биде завршен со 3:3.
Со сета почит и мотивот кој фудбалерите на Севиља го добија откако тренерот Берицо им ја соопшти веста за ракот на простата, сериозен и голем тим не смее да си дозволи за 40 минути да испушти толкава голема предност. Карагер најблаго кажано се сложува со оваа теза.
„Она што го видовме во вториот дел од Ливерпул е катастрофа. Тимот одигра глупо. Кога во прашање е фудбалската ителегенција ми исгледаше како да гледам деца како играат“, зборуваше Карагер за клубот во кој ја помина целата карира.
.@Carra23: – Thankfully I'm not allowed to swear also, because I'd like to swear when I see that second half.
(@JanAageFjortoft) pic.twitter.com/gwLHiMA8BN
— Viasport Fotball (@ViasportFotball) November 21, 2017