Дома Фудбал Италија Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Ѕамброта доаѓа во Скопје!

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Ѕамброта доаѓа во Скопје!

По големиот успех на изложбите кои веќе беа поставени во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, изложбата со наслов „Паоло Роси –  златното момче и легендите на фудбалот“, доаѓа и во Скопје.

Утре во 11:00 часот во Мала станица, на изложбата посветена на Паоло Роси и легендите на фудбалот, наместо Салваторе Скилачи ќе присуствува италијанската фудбалска ѕвезда и светски шампион на ФИФА мундијалот од 2006 година, Џанлука Ѕамброта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изложбените простори, кои хронолошки го следат животот и кариерата на Паоло, се создадени благодарение на огромен вложен труд. Се работи за еден од најважните проекти во светот за иновативна поставка на изложба која се однесува на животот на еден спортист. Конкретно, изложбата има за цел да создаде патување од почетокот на кариерата на Паоло Роси па се’ до целото наследств

Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал.

На изложбата ќе може да се види еден проект за виртуелна реалност кој на посетителите ќе им овозможи повторно да ги доживеат трите гола на Роси постигнати против Бразил седејќи на трибините на стариот стадион Сариа во Барселона.

Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал.

При посетата на изложбата ќе може да се видат предмети кои им припаѓале на:

Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лев Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…