Дома Фудбал Останато Легендата на Арсенал: Мбапе сигурно ќе игра во Реал Мадрид

Легендата на Арсенал: Мбапе сигурно ќе игра во Реал Мадрид

Според легендата на Арсенал трансферот е само прашање на време.

Познатиот француски фудбалер Роберт Пирес ја разгоре фантазијата кај навивачите на Реал Мадрид со изјавата дека Килијан Мбапе сигурно ќе заигра во нивниот дрес и дека тоа е само прашање на време.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поранешниот ас на Арсенал нема ниту најмал сомнеж дека напаѓачот на Пари Сен Жермен е спремен и зрел да го носи дресот на најголемиот клуб во светот.

„Дали е спремен да направи така голем чекор? Да, мислам дека е. Ако ова лето не дојде во Мадрид ќе дојде наредното во 2020 година“, убеден е Пирес.

„Тој е многу млад има само 20 години, но исто така е и многу интелигентен. Знае што сака во својата иднина и знае како тоа да го оствари. Сега е во Пари Сен Жермен, игра добро и постигнува голови“…

Меѓутоа…

„Знаете постои голема разлика помеѓу ПСЖ и Реал, постои разлика во играњето за овие два клуба. Пред се тука е притисокот. Во Реал не е лесно да се игра. Мислам дека тоа е најголемиот клуб во светот во кој е најтешко да се играч Навивачите од вас бараат да победувате, поразите не се простуваат. Во ПСЖ нема такво нешто.

Мислам дека може да игра во Мадрид. Се случуваат такви работи, како сега против Манчестер Јунајтед. Во такви натпревари растете. Пред Мбапе е голема иднина и тој сигурно ќе игра за Реал“, порача Пирес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…