Реал Мадрид во вторникот доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите.
„Кралевите“ имаа предност од 1:2 од Амстердам и поголемиот дел од фудбалскиот свет очекуваше во Мадрид на свој терен против Ајакс само да го потврдат пласманот во четвртфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека и во Реал беа убедени дека резултатот од 0:2 во првиот натпревар ќе им биде доволен за пласман во следната фаза покажува потегот на Серхио Рамос кој заработи намерен жолт картон со цел да го пропушти реваншот и чист да влезе во четвртфиналето. Сепак, работите не одеа според планираното Ајакс во Мадрид победи со 1:4.
Така Реал Мадрид во краток временски период остана без шанса за трофеј со сигурност во две натпреварувања, Барселона неколку дена претходно ги елиминираше од Копа Дел Реј. Освен тоа и во првенството ситуацијата им е тешка и во ваква ситуација никој не верува дека на крајот од сезоната можат да стигнат до титулата.
Овие случувања во Реал Мадрид ја разбудија креативноста кај легендарниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков кој се одлучи да го погреба Реал Мадрид.
Стоичков со плочата на која стоеше „RIP“ Реал Мадрид се пофали на социјалните мрежи.
Hristo #Stoichkov con la lápida del muerto #RealMadrid pic.twitter.com/mAnQx7oqtF
— Ronald ?? (@Ronald9e) March 7, 2019