Интер и Милан се блиску до реализацијата на нивниот проект за изградба на нов стадион, откако локалниот совет на Милано одлучи дека стадионот „Сан Сиро“ не е културно релевантен споменик.
Милан и Интер минатата година поднесоа барање за изграба на нов стадион со капацитет од 60.000 места на истата локација на која се наоѓа „Сан Сиро“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според документите кои ги објави весникот „Ла република“ се дава оценка на локалниот совет дека сегашниот стадион не е „културно релевантен за градот Милано“.
Тоа значи дека миланските клубови добија „зелено светло“ за рушење на легендарниот стадион и почнување на изградба на новиот стадион.
Новиот стадион и целиот комлект би требало да чини неверојатни 1,2 милијарди евра, ќе биде ултрамодерен, а клубовите очекуваат да биде готов до 2024 година.
Inter and Milan are a step closer to getting their new stadium after the local council report ruled the Stadio Giuseppe Meazza at San Siro is ‘not culturally relevant.’ https://t.co/G4OWwal0g1 #FCIM #ACMilan #SerieA #Calcio pic.twitter.com/prWoVedP3s
— footballitalia (@footballitalia) May 21, 2020