Дома Фудбал Италија Претставени двата финални проекти за новиот стадион на Милан и Интер (фото)

Претставени двата финални проекти за новиот стадион на Милан и Интер (фото)

Градските ривали Милан и Интер денес ги претставија двата финални проекти за нов стадион, кој треба наскоро да започне да се гради.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов во 2024 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот стадион ќе биде со капацитет од околу 65.000 места,а  двата клуба потврдија дека целиот проект ќе ги чини 1,2 милијарди евра. Притоа ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Денес беа претставени двата финални проекти: Првиот е на компанијата „Популос“, кој е инспириран од катедралата „Дуомо“ и ќе наликува на симболот на градот.

Вториот проект е на архитектонското студио „Маника“, кој ќе има елипсовидна форма и футуристички изглед. Притоа на надворешната страна ќе има место за 70.000 фотографии од Милан и Интер кои ќе светат, ќе даваат специфичен изглед и ќе се менуваат со тек на време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…