Златан Ибрахимовиќ после две години во американската МЛС одлучи да се врати во Европа.
Ибрахимовиќ имаше неколку понуди, но на крајот реши да потпише за Милан и да се врати во клубот од Сан Сиро. Иако има 38 години, Ибрахимовиќ покажа дека има уште многу да покаже.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Росонерите беа најконкретни во преговорите и Ибра потпиша договор до крајот на оваа сезона со опција да го продолжи на уште една година. Навивачите на Милан се нестрпливи, а за пречек на Швеѓанецот се е спремно.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ утре ќе дојде на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор и ќе биде официјално претставен на Сан Сиро.
Неговото пристигнување предизвика голем интерес кај навивачите и се очекува утре Сан Сиро да биде прилично исполнет. По презентацијата, Ибрахимовиќ ќе го направи својот прв тренинг со играчите на Милан.