Петкратниот светски шампион во снукер Рони O’Саливен даде прилично самоуверена изјава дека би испаднал од топ 50 играчи само ако остане без раце или нозе.
О’Саливен се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство снукер, а противник за место во полуфиналето ќе му биде Марк Вилијамс. Двајцата се професионалци од 1992 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На прашањето дали верувал дека кариерата ќе му трае толку долго легендарниот Рони одговори:
„Ако ги погледнете младите натпреварувачи ќе видите дека не се толку добри. Изгледаат како аматери, па и полошо од тоа. Толку се лоши што кога ги гледам си мислам дека само ако бидам без раце или нозе би бил надвор од топ 50. Поради тоа јас, Марк Вилијамс и Џон Хингс се „влечеме“ 25 години, снукер сцената е навистина лоша“, изјави Рони.
Во овој момент О’Саливен е шести на светската листа.