Дома Топ вести Легендарниот Мијатовиќ го посочи главниот проблем на Реал Мадрид

Легендарниот Мијатовиќ го посочи главниот проблем на Реал Мадрид

Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ не е задоволен од играта која ја прикажува актуелниот европски шампион оваа сезона.

Избраниците на Карло Анчелоти вчера беа поразени од Лил во рамките од Лигата на шампионите и ова беше прв неуспех по 36 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Далеку од тоа дека Реал е во изгубена ситуација, но Мијатовиќ сега посочи проблем кај „кралевите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според него Реал Мадрид има проблем со креацијата на играта.

„Мораат да поправат многу работи. Одбраната не е лоша, но ниту Лил не беше нешто посебно. Најмногу сум загрижен проади средниот ред. Тука има многу физикалија, а малку креација. Чуамени, Камвинга и Валверде се силни момци, но тврди со топката во нозете. Јасно се гледа недостатокот на Лука Модриќ, го нема ниту Крос, па овој среден ред не одговара на филозофијата која ја има Реал“, изјави Мијатовиќ.

На средината на теренот долги години во Мадрид главни беа Модриќ и Крос, но хрватскиот ветеран веќе има 39 години, додека Крос и се пензионираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Васоски реагира: Зошто има ВАР, ако оваа не се прегледува? (Видео)

Серијата од пет последователни победи на Силекс беше прекината вчера во дуелот со Башкими,…