Дома Фудбал Останато Легендарниот Креспо доби прилика да биде тренер на голем клуб

Легендарниот Креспо доби прилика да биде тренер на голем клуб

Ернан Креспо имаше голема кариера како фудбалер, но како тренер уште се чека да се докаже.

Во досегашната кариера немаше кој знае каков успех, меѓутоа сега доби голем предизвик. Креспо доби прилика да го води тимот на бразилскиот гигант Сао Паоло. Овој ангажман на Креспо ќе му биде најголем до сега после водењето на младинците на Парма, Модена, Банфилд и Хустисија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Денес тој се договори со Сао Паоло и потпиша договор на две години.

Секако станува збор за клуб кој игра важна улога во Бразил, четири пати до сега беа шампиони, три пати најдобри на својот континент, а еднаш и светски шампиони.

Најголемиот успех во кариерата на Креспо е освојувањето на Судамерикана со Хустисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во идеалниот тим на Светското клупско првенство има место и за 40-годишник! (Фото)

Едно возбудливо Светско првенство за клубови заврши, а на врвот застана лондонскиот Челзи,…