Дома Фудбал Англија Легендарниот Кени Даглиш не можеше да ги задржи солзите по титулата на Ливерпул (ВИДЕО)

Легендарниот Кени Даглиш не можеше да ги задржи солзите по титулата на Ливерпул (ВИДЕО)

Последниот тренер пред Јирген Клоп кој освоил титула со Ливерпул беше легендарниот Кени Даглиш кој тоа го направи пред 30 години.

Ливерпул вчера после поразот на Сити од Челзи и математички стана шампион на Англија, а Даглиш кој се вклучи во емисија во живо по натпреварот не можеше да ги задржи солзите.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Даглиш се појави со шал од Ливерпул. Новинарот го запраша дали кога ја освоиле титулата некој воопшто помислил дека клубот толку долго ќе чека на нова титула.

„Ако тоа го кажевте во тоа време ќе ве уапсеа. Откако дојде Јирген работите тргнаа на подобро. Ги цени и почитува сите кои работат во клубот. Не е чудо тоа што лани за еден бод не беа шампиони, а оваа година беа толку доминантни и загубија само еден натпревари и ремизираа на два. Го освоија Светското клупско првенство и Лигата на шампионите. Ни следат уште среќни денови“, изјави Даглиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кимих донесе одлука и наскоро става потпис

Џошуа Кимих донесе конечна одлука кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен, потврдија герм…