Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Бешикташ, Порто и португалската репрезентација, Пепе, објави дека се повлекува од фудбалот на 41-годишна возраст.
„Сакам да му се заблагодарам на Бога што ми даде мудрост да го продолжам моето патување. Не можам а да не им се заблагодарам на сите претседатели кои се обложија на мене и веруваа во мене. Сите вработени во сите клубови во кои сум бил, кои ми помогнаа да растам и да се натпреварувам секој ден во фудбалот, изјави Пепе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пепе играше за Реал Мадрид од 2007 до 2017 година. Во овој период одигра 334 натпревари на кои постигна 15 голови и 20 асистенции. Како член на „кралевите“, дефанзивецот три пати ја освојуваше Лигата на шампионите и три пати стана шампион на Шпанија.
За својата Португалија одигра 141 натпревари, аво 2016 година беше европски првак.