Новак Ѓоковиќ со последниот триумф на Австралија Опен го израмни рекордот на Моника Селеш, а по мечот со Тејлор Фриц се оглас и легендарната тенисерка.
Најдобриот светски тенисер истакна дека Селеш била една од неговите идоли кога почнувал да тренира, а брзо стигна одговор и од легендарната тенисерка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трофеите на Новак оддамна престанав да ги бројам, знаев дека ќе ги собори сите рекорди и ќе постави нови кои ќе бидат тешко достижни за следните генерации. Единствената работа за која жалам е што не игравме во иста ера, ќе беше убаво да одигравме еден микс-дубл.
Ти благодарам за почиита и одиме по уште еден трофеј на Австралија Опен“, објави Селеш на нејзиниот Инстаграм профил.
Легендарната Селеш е родена во Нови Сад, а во кариерата освои девет грен-слем титули, четири од нив беа во Мелбурн.