Дома Фудбал Германија Лев ќе ги предводи Германците до 2020 година!

Лев ќе ги предводи Германците до 2020 година!

Фудбалскиот сојуз на Германија го продолжи договорот со селекторот Јоаким Лев, кој се обврза да остане на селекторската функција до 2020 година.

Јоаким Лев човекот кој на Германија и ја донесе светската титула во 2014 година, се обврза да остане на селекторската функција до завршувањето на Европското првенство во 2020 година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лев стана селектор на Германија по завршувањето на Мундијалот во 2006 година, а претходно две години беше прв асистент.

Како селектор на сите големи натпреварувања со Германија стигнуваше најмалку до полуфиналето, круна на кариерата му е освојувањето на светската титула на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Инаку низ годините наназад името на овој стручњак често се поврзуваше со најголемите европски клубови, но тој секогаш и остана верен на германската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сити спреми 100-милионски план за Халанд

Останувањето на Пеп Гвардиола барем уште една година на „Етихад“ му дава надеж на Манчесте…