На два месеци пред почетокот на Светското првенство објавени се информациите за платите на селекторите и сега е познато кој помеѓу нив е најплатен.
Можеби по малку и очекувано. Најплатен селектор на Мундијалот е човекот кој ќе седи на клупата на еден од главните фаворити, Германија – Јоаким Лев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јоаким Лев во Германија е платен 3.8 милиони евра. Веднаш зад Германецот следат Тите од Бразил и Дидие Дешан од Франција со плата од 3.5 милиони евра.
Најголемото изненадување помеѓу најплатените веројатно селекторот на домаќинот Русија кој добива 2.6 милиони евра. Селекторот на Русија добива повеќе од селекторите кои водат на хартија по квалитетни репрезентации (Англија, Аргентина, Урувај…)
Најслабо платен е селекторот на Сенегал Алију Сисе со 200.000 евра.
Во продолжение погледнете ја комплетната листа:
1. Јоаким Лев (Германија) – 3.8 милиони евра
2 .Тите (Бразил) – 3.5 милиони евра
3. Дидие Дешан (Франција) – 3.5 милиони евра
4. Лоптеги (Шпанија) – 3 милиони евра
5. Станислас Черчешов (Русија) – 2.6 милиони евр
6. Фернандо Сантос (Португалија) – 2.2 милиони евра
7. Карлос Квеирош (Иран) – 2 милиони евра
8. Герет Саудгејт (Англија) – 2 милиони евра
9. Хорхе Сампаоли (Аргентина) – 1.8 милиони евра
10. Оскар Табарез (Уругвај) 1.7 милиони евра
11. Ектор Купер (Египет) – 1.5 милиони евра
12. Хозе Пакерман (Колумвија) – 1.5 милиони евра
13. Хуан Антонио Пичи (Саудиска Арабија) – 1.4 милиони евра
14. Бер Ван Марвијк (Австралија) – 1.2 милиони евра
15. Рикардо Гаречка (Перу) – 1.1 милиони евра
16. Хуан Карлос Осорио (Мексико) – 1 милион евра
17. Еге Хариде (Данска) – 1 милион евра
18. Валид Халихоџиќ (Јапонија) – 1 милион евра
19. Роберто Мартинез (Белгија) – 1 милион евра
20. Владмир Петковиќ (Швајцарија) – 850.000 евра
21. Ерве Ренар (Мароко) – 780.000 евра
22. Хејмир Хелигримсон (Исланд) – 700.000 евра
23. Златко Далиќ (Хрватска) – 550.000 евра
24. Генорт Рор (Нигерија) – 500.000 евра
25. Јене Андерсон (Шведска) – 450.000 евра
26. Шин Тае Јонг (Јужна Кореја) – 450.000 евра
27. Ернан Дарио Гомеш (Панама) – 400.000 евра
28. Набил Малул (Тунис) – 350.000 евра
29. Оскар Рамирез (Костарика) – 350.000 евра
30. Младен Крстајиќ (Србија) – 300.000 евра
31. Адам Навалка (Полска) – 270.000 евра
32. Алију Сисе (Сенегал) – 200.000 евра